Палењето на возилото на Артан Груби е криминален чин кој најверојатно претставува криминална пресметка. Палење на возило е криминален чин, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Битола, а одговарајќи на новинарско прашање во врска со палењето на возилото кое го возел вицепремиерот Артан Груби.

Не гледам зошто толкава возбуда кај лицето чие возило беше запалено. А начинот на кој е направено тоа наликува на криминална пресметка бидејќи прво сопственик е лице кое има 35 години, а лицето на кое му е запалено возилото вели бил успешен бизнисмен 30 години, потоа тој некако тајно успеал да инсталира флешери со кои се добива предимство во сообраќајот, а лицето Артан Груби не бил информиран понатаму како МВР го дозволило тоа“, рече Мицкоски.
Тоа, додаде Мицкоски, се  сплет на настани поврзани со криминален чин.

И наместо да ја преземе одговорноста, тој го повикува ВМРО-ДПМНЕ, мене лично. Времето ќе покаже кој бил во право“, укажа Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.