Премиерот Христијан Мицкоски, прашан за одлуката на Уставниот суд за замрзнување на „балансерот“, изјави дека одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат.

Некогаш може да ни се допаѓаат, некогаш може да не ни се допаѓаат, но мислам дека не треба се коментираат, изјави Мицкоски.

Во однос на реакциите од албанскиот блок по одлуката на Уставниот суд, вклучително и партнерите во владината коалиција, Мицкоски вели дека ја видел и дека е во согласност со тоа што „тој го зборувал во минатото“.

Да, ја видов. Таа реакција е во согласност со тоа што ние сме го збореле во минатото, практично унапредувањата и вработувањата треба да се темелат на квалитет и тоа е она кое што ние практично цело време го заговараме, изјави Мицкоски, кој денеска присустуваше на почеток на поплочување на улицата „Ванчо Прќе“ во Општина Штип.

Мојата порака до луѓето во Брисел е јасна - ако навистина сакате да бидеме дел од европското семејство тогаш има начин, ако има желба има и начин. Повеќе ултиматуми нема да прифаќаме, барем д

Мицкоски посочи дека одлуката не е конечна, туку практично тие тој дел од законот го ставаат во мирување, до носење на конечна одлука.

Јас ќе останам на мојата позиција дека одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.