На новинарско прашање зошто вчера немал средба со германскиот пратеник Михаел Рот, кој беше во посета на земјава, Мицкоски вели дека тој бил тука на покана на невладина организација.

-Каде пишува дека мора да има средба. Мојата информација е дека Михаел Рот беше дојден тука на покана на невладина организација која што одржуваше некаква конференција, и претпоставувам дека провладините медиуми ја искористија неговата посета да добијат изјава на една тема а тоа е уставните измени, бидејќи за било што друго да прашате е црно поцрно. И сега тие го кажуваат за поддршка на политиките на Владата, а се друго е катастрофа. Секој гостин којшто е добронамерен и кој побарал средба кај мене во зависност од мојот распоред ја добил или сме ја презакажале таа средба. Овој господин не побарал средба очигледно не чувствува потреба да се види, а и впрочем никаде не пишува дека треба да се гледаме со сите коишто доаѓаат во Македонија,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.