Задоволство е да се види како се работи овдека во Гевгелија, се реализираат многу проекти, на 5 локации бевме, се гради канализација, се гради водовод, се гради пат, се расчистува стара депонија, нешто што е дел од програмата односно ветувањата на локалните избори дадени во 2021 година, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Добро е да се направи разлика помеѓу тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ во општините каде што има градоначалници и тоа што не го прави владата на ДУИ поддржана од СДСМ на централно ниво, односно прави многу криминал и многу корупција. Така што јас сум исклучително задоволен што имав можност овдека со Андон, со градоначалникот да посетиме неколку објекти градежни каде што се гради. Јас можам само да му честитам нему, на администрацијата овдека во општина Гевгелија и да им посакам само уште повеќе ваков тип на објекти да се отпочнуваат и завршуваат затоа што тоа е она кое што е дадено ветување пред гевгеличани и тоа е она што на гевгеличани им е потребно, додава Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.