Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод празникот, заштитник на лозарите, Свети Трифун денеска беше во посета на Општина Кавадарци и Неготино каде што учествуваше на симболичното закројување на лозовите насади.
После настанот претседателот Мицкоски даде изјава за медиумите каде што, меѓу другото, од новинарите беше запрашан за неговите очекувања по денешното распишување на изборите кое се очекува да се случи некаде околу 17 часот.
Мицкоски изјави дека на парламентарните избори очекува историска победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освојување на повеќе од 61 пратеник, додека на претседателските, исто така, да победи кандидатот кој што биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Очекувам историска победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од повеќе од 61 пратеник и очекувам идниот претседател да биде кандидатот кој што ќе поддржи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.