Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неговото обраќање на трибината по повод Светскиот ден на учителот насловена „Учителот – некогаш, денес и утре“ истакна дека образованието ни е важно затоа што без образование нема економија, а без економија нема живот, а без живот нема народ и нема држава.

Затоа е многу важно образованието кое е основа на се ова да биде конкурентно, компетитивно и тој трансфер на знаење кој доаѓа од учителите до учениците да биде современ за да можеме понатаму да конкурираме на пазарот на труд и да конкурираме во економијата и на други држави кои ни се конкуренција во делот на странски инвестиции, потенцираше Мицкоски.

Toj истакна дека во идната влада економијата ќе биде врвен приоритет, но составен дел од економијата е тој кадар кој зборуваше, односно кадарот кој ќе добие квалитетно и конкурентно образование.

Затоа очекувам да се поразговара поконкретно во образованието што е тоа што денеска констатирано дека може да биде подобрено. А ние како идна влада понатаму тоа да го коригираме, подобриме, надградиме или да имплементираме нешто автентично кое ние ќе го понудиме, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ќе се добијат одговори на многу прашања и нема дилема и убеден е дека тие одговори ќе ги слушнеме.

Дозволете ми да го честитам денот на учителот и да посакам многу полни училишни клупи со многу ученици кои понатаму ќе ја градат нашата Македонија бидејќи без нив ќе нема народ, а без народ нема ни држава, изјави Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.