Оваа Влада на СДСМ И ДУИ беше затворена во едно едноумие, не успеаја да функционираат со опозицијата, јасно им е дека не можат да го испорачаат тоа што го прифатија. Претпоставувам дека и по седницата ќе продолжат со својот инает, да ја оптеретуваат јавноста наместо час поскоро да одиме на предвремени парламентарни избори, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.
Според Мицкоски грешката е направена кога дел од меѓународната зедница се договоараше со губитничка Влада.
Наместо да замине Владата, тие влегоа во континуирано договарање со меѓународната заедница, а беа подготвена да ветат се и да останат ден повеќе на власт. И тоа го направија без да имаат мнозинство, а го немаа затоа што не разговараа со ВМРО-ДПМНЕ. Не ја послушаа најголемата политичка партија и потоа правеа репограмирање и таа цел стана, па почнаа есента ќе се случат измените, па на крај на годината и дојдовме до крајот и тој процес ќе застане. И треба да кажеме проблемот е на маса. Пред граѓаните треба да излеземе и да го понудиме тоа што го кажува ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.
Мицкоски заклучи дека „нема да има уставни измени под бугарски диктат, за слепата улица во која влегува земјава одговорна е само оваа власт, изборите се решение“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.