Ние сме кажале дека граѓаните во Македонија не се безбедни од многу причини, не само поради ова филмско бегство на затвореник. И тоа доаѓа истиот ден кога Ковачевски и Владата на ДУИ поддржана од СДСМ не убедува ќе ја однесла Македонија во ЕУ – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Вевчани коментирајќи го бегството на затвореникот осуден на 21 година затвор.

Мицкоски додаде дека власта не може да пренесе затвореник до одредена точка, а не пак Македонија да ја внесат во ЕУ, потребни се предвремени парламентарни избори.

Тие не можат еден затвореник да го пренесат од точка А до точка Б во Скопје, а не пак Македонија да ја носат во ЕУ. Така што еден општ хаос на Дивиот Запад ни се случуваат работи – кажа тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.