Денеска сме овде во Гевгелија дел од теренската акција на ВМРО-ДПМНЕ, „Важно е! Од тебе зависат промените“. До сега поминавме неколку општини низ Македонија, разговаравме со многу наши сограѓани, со многу групи наши сограѓани, слушнавме многу работи, слушнавме многу предлози, но слушнавме и многу решенија кои што заслужуваат да бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните парламентарни избори. Ценам дека и овде во Гевгелија ќе имаме можност да стегнеме многу раце на гевгеличани.Денот го започнуваме на состанок кој што ќе биде многу значаен за нас, бидејќи ќе ги слушнеме луѓето кои што се можеби и современите патриоти, најзначајните овде во Гевгелија, луѓето кои што секој месец мака мачат да обезбедат егзистенција на илјадници гевгеличани, а тоа се луѓето кои се дел од бизнис заедницата, од стопанството, од реалниот сектор, изјави лидерот Мицкоски.
Потоа денот го продолжуваме со проектите кои што се тековни и ги има направено градоначалникот. Потоа, продолжуваме со најава на проекти кои ќе бидат финансирани од идната влада ан ВМРО-ДПМНЕ и нормално денот ќе го заокружиме со еден мини настан каде што ќе можеме да разговараме со гевгеличани и ќе можеме да го сумираме сето она кое што ќе се случи во текот на денешниот ден.Денешната посета сакам да ја искористам да му честитам на градоначалникот, на советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот, на пратеникот кој што е дел од македонскиот парламент кој што се бори да обезбеди преку амандман повеќе средства повеќе за проекти повеќе овде во Гевгелија и гевгеличани имајќи го во предвид карактерот на владата на СДСМ и ДУИ, знаете дека тоа е многу тешко да се направи и да се реализира, бидејќи тие кон општините каде што имаме градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат како да не припаѓаат во Македонија, односно се трудат преку сите алатки да вршат притисок и воопшто ништо да не реализираат никаков проект, мислејќи дека на тој начин ќе ги казнат граѓаните кои на изборите во 2021 година, гласале за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Но, тука сум јас заедно со потпретседателите Кочоска и Николоски да дадеме поддршка на градоначалникот, на локалната самоуправа, на пратеничката, на гевгеличани дека набрзо од денеска доаѓа нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која што има намера да реализира проекти кои што ќе бидат од огромно значење за гевгеличани, проекти во висина до 3 милиони евра или вкупно во еден четири годишен мандат до 12 милиони евра.Определивме голем број на проекти заедно со градоначалникот, но исто и со луѓето овде во Гевгелија. Дел од нив јас би ги споменал, како што е реконструкција на патниот правец кој што води од Гевгелија преку Ново Конско до неколку населени места и неколку туристички и излетнички места овде во Гевгелија и на Кожуф планина, потоа тука е проширување на патниот правец од Прдејци до Смоквица, реконструкција на чаршијата во Гевгелија, ново основно училиште, проблем кој е есенцијален овде во Гевгелија, и нова канализациона мрежа.
Така што сакам да кажам дека ќе има голем број на проекти кои ќе бидат реализирани во периодот кој што следи, односно идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера преку овие проекти да вложи многу пари да децентрализира практично од буџетот, и да ги врати тие пари назад кон општината. А општината треба да прави што е можно повеќе проекти, за да може потоа тие проекти да бидат реализирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.