Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со заменик министерот за европски прашања на Шведска, Кристијан Даниелсон и генералниот директор во Министерството за надворешни работи, Торбјорн Солстром, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата информираат дека во текот на средбата се говорело за актуелните проблеми со кои се соочува Република Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски укажал дека уставни измени под бугарски диктат нема да има и дека овој актуелен пратенички состав нема мандат од граѓаните да учествува во таков процес.
– ВМРО-ДПМНЕ се залага Македонија да стане рамноправна членка на ЕУ. Република Македонија треба да биде дел од големото европско семејство, посочил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата.
Во текот на разговорите се говорело и за, како што стои во соопштението, нефункционалните мерки на власта кои не раѓаат со плод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.