На маргините на Генералното Собрание на ЦДИ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со Претседателот на Владата на Република Хрватска и Претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

На средбата се заблагодарив за искрената поддршка која Хрватска ја дава на Македонија и македонскиот народ во целиот период на развој на македонската демократија и пристапувањето кон евроатлантските организации, вели Мицкоски.

Тој додава дека со Пленковиќ, разговарале и за идните мостови на соработка помеѓу двете пријателски држави.

Договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за престојните избори.

 

Зборувавме за предизвиците на регионот и потешкотиите на патот кон ЕУ на Република Македонија, загрижувачките економски состојби, криминалот и корупцијата како кочничари на тој процес, информира Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се сретна и со меѓународниот секретар на ЕПП, Патрик Волер.

Разговаравме за зголемена соработка со Европската Народна Партија чија членка е ВМРО-ДПМНЕ и поддршка на стратешките и национални интереси на Македонија. Беше изразена поддршката на ВМРО-ДПМНЕ од страна на ЕПП и беше разговарано за идни планови за соработка, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.