Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска имаше средба со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија Ото Граф. На средбата стана збор за актуелната политичка и економска состојба на државата и европските процеси на државата, соопшти партиската прес-служба.
Мицкоски потенцирал дека постојаното негирање од страна на Бугарија влијае на билатералните односи помеѓу соседните држави, додавајќи дека стратешки интерес и приоритет на партијата е што побрзо започнување и зачленување во Европската унија, но без уцени под бугарски диктат.
Мицкоски рече дека владата на СДСМ и ДУИ целосно потфрли во делот на македонската економија, а како резултат на тоа е се поголемата сиромаштија и нискиот стандард на граѓаните, нагласувајќи дека се потребни промени и одржување на предвремени парламентарни избори. Истакна дека земјата не се справува со криминалот и корупцијата кои доаѓаат токму од високите владини функционери за кои веќе има неколку судски процеси но нема правна разрешница, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски се заблагодарил за поддршката од Сојузна Република Германија и порачал дека за доброто на државата и граѓаните добро е средбите и соработката помеѓу двете земји да се интензивираат и унапредуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.