Премиерот Христијан Мицкоски, се сретна со претседателката на Судскиот Совет, Весна Дамева.

Како што информира Мицкоски, средбата била одржана на барање на Советот.

Ние се ќе направиме да ја донесеме правдата. Не смее да има граѓани од прв ред, не смее да има граѓани од втор ред, малкумина од прв ред коишто се заштитени, не смее да има елита туку мора да се сите подеднакви пред законите и Уставот. Тоа го потенцирав на самата средба, којашто е по нивно барање, за да слушнеме кои се нивните предлози.

 

Впрочем ние имавме повик и до експертската јавност и до институциите да дојдат да достават предлози како заеднички да го реформираме правосудниот систем. Ние стоиме на нашиот став, на нашата програма, но сакаме да слушнеме. Доколку добиеме подобри идеи, се разбира дека тие идеи и ќе ги примениме, тука не треба да има никаква тајна.

 

Невладеењето на правото и криминалот се безбедносен проблем и ние како Влада мора да реагираме, тоа им го предочивме на Судскиот Совет на средбата, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.