Денеска 29.05.2024 година, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев остварија средба со амбасадорот и шеф на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал.

На средбата се разговараше за спроведувањето и резултатите на последните претседателски и парламентарни избори во Македонија, како и за понатамошните чекори за идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски се заблагодари на преставниците на Мисијата на ОБСЕ за активното вклучување и следење на изборните процеси, како на 24 април, така и на 08 мај.

Од страна на Мицкоски беше потенцирано дека следи период на реформи во државата, економско зајакнување, како и борба против корупцијата и криминалот за да може државата да се развива и просперира.

Истото така тој додаде дека државата ќе продолжи по европскиот пат за кои идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се залага.

На средбата беше констатирана успшната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Мисијата на ОБСЕ и истата ќе продолжи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.