Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска (17.08.2023) остварија средба со Џајлс Норман, амбасадор на Канада во Македонија
На средбата биле потенцирани добрите односи помеѓу двете држави, при што Мицкоски се заблагодарил на амбасадорот за поддршката која Канада и ја дава на Македонија.
Воедно на средбата се разговараше за македонските евроинтеграции. Истакнав дека на Македонија местото и е во Европската Унија, но условите според кои треба да биде дел од унијата треба да бидат како за сите земји членки, односно според Копенхагеншките критериуми.
Потенцирав дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени останува непроменет, односно дека промена на Уставот под бугарски диктат и под овие услови нема да има, а истото ќе биде пренесено во Собранието – истакнал Мицкоски на средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.