Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, членот на Извршниот комитет Маја Кадиевска Војновиќ и Зоран Ставрески остварија средба со бордот на директори на „Македонија 2025“.
На средбата се разговараше за искористување на економските потенцијали и потребата за поддршка на приватниот сектор и иницијативи што ќе придонесат до забрзан економски раст.
Беа споменати фундаментите кои ќе бидат програмска заложба на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како што се поддршката на претприемништвото, иновациите и дигитализацијата која треба да доведе до шанса и напредок на младите и фаќање чекор со модерните европски и светски трендови.
Од страна на Мицкоски беше посочено дека програмата која ќе ја понуди ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реална и остварлива платформа врз која ќе се креира идниот напредок на државата и ќе треба да обезбеди повисок стандард и иднина за сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.