Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски, Гордана Димитриеска-Кочоска и Тимчо Муцунски, како и членот на ИК Антонио Милошоски, се сретнале со министерката за надворешни работи на Германија, Анелина Бербок во просториите на германската резиденција во Македонија.

На средбатам Мицкоски посочил дека уставни измени под бугарски диктат нема да има и дека овој пратенички состав нема мандат добиен од граѓаните да учествува во таков процес.

Бев дециден дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се впушта во таков процес кој го наметнува власта која пак на тоа гледа како начин да купи време и да се амнестира за криминалот кој се прави на дневно ниво.

 

Потребни се реални реформи и придвижување на патот кон ЕУ, а не декларативна заложба како што прави власта, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.