Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред почетокот на лидерската средба во македонското Собрание, имаше изјава за медиумите при што одговараше и на новинарски прашања.

Мицкоски, меѓу другото, беше прашан дали ако Социјалдемократскиот сојуз се договори со Демократска Унија за Интеграција и Алијанса за Албанците се договори да одат заедно на парламентарните избори, може да се очекува ВМРО-ДПМНЕ да оди заедно со албанските опозициски партии.

Мицкоски истакна дека на нив им посакува долги години во опозиција за да можат да се реформираат и да излезат од прегратките на криминалците во кои се наоѓаат изминатите години кои се на власт.

Тоа е нивна одлука. Јас им посакувам среќа, им посакувам долги години во опозиција за да може да се реформираат и реструктуираат и да излезат од криминалната матрица и прегратките на криминалците во кои што се наоѓаат изминативе шест години – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.