Вечерва се одбележува 21 година постоење на партијата Демократските сили на Ромите. На прославата гостин беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Да посакам многу успеси и уште многу годишнини, затоа што нивните успеси се и наши заеднички успеси. Демократските сили на Ромите е партија која јас лично, но и ВМРО-ДПМНЕ, исклучително ја почитуваме и ја поддржуваме. Соработката која ја имаме долги години наназад покажала дека заедно можеме многу да направиме не само за Ромите, туку и за цела Република Македонија, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.