Можна е лидерска средба, но на која ќе се разговара само околу датумот за предвремени парламентарни избори и динамиката на законските измени во делот на техничка влада. Подготвени сме на брзи парламентарни избори без техничка влада. Сега само тоа е на маса, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој потенцираше дека секој оној кој што сака да разговара за ова прашање е добредојден. Додаде дека се останато што се случува во моментот го смета за тортура и притисок кој се случува и во јавноста и ВМРО-ДПМНЕ на тоа ќе се спротистави.
Во минатото многу работи ставивме на маса. Пред повеќе од една година, буквално се беше на маса. Но, тие ништо не успеаја да направат. Исто така, во овие година дена континуирано, и покрај тоа што никој не не прашуваше кога се правеше тој договор, ние нудевме потенцијални решенија, како што е хрватски модел, одложено дејство… Но, сега нема ништо повеќе на маса, само една работа – лидерска средба околу датумот за предвремени парламентарни избори – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали е можна нова лидерска средба, кој денеска присуствуваше на увид во градежните активности на изградба на спортски терен во населба Ченто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.