Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека групи под контрола на високото раководство на СДСМ и ДУИ, кои се дел од подземјето, вршат притисок врз пратеници од Собранието, за да нема предвремени избори.

Нема рационален човек во Парламентот, барем не што и сака добро на државата, кој не посакува предвремени избори, но полукриминални групи под контрола на високото раководство на СДСМ и ДУИ, кои се дел од подземјото, вршат притисок врз тие пратеници. Сепак, јас сум убеден дека тие ќе останат доследни, затоа што борбата за Македонија нема цена, а криминалците еден ден ќе зажалат за своите постапки, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, присуствуваше на положувањето на светиот крст во водите не Охридското Езеро, при што испрати честитка до сите верници, но и граѓани на Македонија, со желби за здравје, успех и духовен мир.

Честитка за овој голем православен празник. Им посакувам здравје, успех и мир, на сите православни верници, но и на сите граѓани на оваа наша македонија. Да бидеме спокојни и мирни во душата, порача Мицкоски, истовремено испраќајќи посебна честитка на среќниот фаќач на крстот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.