Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Штип запрашан како ја коментира разврската во ДУИ и како тоа ќе се одрази на владината коалиција потенцираше дека оваа влада е коалиција на интереси, тендери и бизниси и ништо друго. Имено Мицкоски додаде дека не би сакал да навлегува во внатрешните работи на ниту една политичка партија иако сите политички партии се обидуваат ова единство во ВМРО-ДПМНЕ да го нарушат.
Оваа влада е коалиција на интереси, тендери и бизниси и ништо друго. Јас не би сакал да навлегувам во внатрешните работи на ниту една политичка партија, иако сите политички партии се обидуваат оваа кохезија, ова единство во ВМРО-ДПМНЕ преку одредени мешетарење и клинови да го нарушат – рече Мицкоски.
Мицкоски порача: Мојата порака е дека не само што нема да успеат, жестоко ќе бидат поразени, ама ќе бидат поразени и внатре кај нив самите, а ќе бидат поразени и од ВМРО-ДПМНЕ и од народот на следните парламентарни избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.