Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на одбележувањето на националниот и државен празник Илинден ќе предводи висока партиска делегација во Крушево.
Партиска делегација покрај Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сочинуваат потпретседателот Александар Николоски, потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателот Владо Мисајловски, генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во 9:00 часот ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, претседател на Крушевската Република, во споменикот „Македониум“;
Во 9:30 часот ќе следи положување на свежо цвеќе пред споменикот на хероите на месноста Слива;
Во 10:00 часот Делегацијата ќе присуствува на панихида во Храмот „Свети Никола“ во Крушево;
Во 11:15 часот следи положување на свежо цвеќе на „Мечкин Камен“ при што на оваа локација ќе биде дадена ИЗЈАВА за медиумите.
По дадената изјава за медиуми, Претседателот Христијан Мицкоски, во рамки на одбележувањето на празникот Илинден, ќе продолжи во селото Ташмаруништа – Струга каде што ќе положи свежо цвеќе на споменикот на двата Илиндена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.