Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (29.06.2023) заедно со Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Викторија Трајков, соработник за меѓународни прашања остварија средба со новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Мицкоски на средбата ги поздрави квалитетните билатерални односи помеѓу Македонија и Јапонија две држави и истакна дека ваквата соработка треба да се преточи и во подобрена економска соработка која ќе донесе зголемен број инвестиции на јапонските компании во Македонија, особено во областите на дигитализацијата и високите технологии.

Во врска со пристапувањето на Македонија кон ЕУ како стратешка цел, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потенцираше дека истото не смее да биде на сметка на македонските национални интереси.

Мицкоски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека уставни промени нема да се случат во вакви околности и под бугарски диктат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.