Жалам што во Димитар Ковачевски дури и неговото семејство нема доверба, а ја очекува довербата од граѓаните. Не знам кој е одговорен од луѓето кои ги составуваат неговите пораки, но за ваква порака не гледам потреба и мислам таа порака е погрешна, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање во врска со кажувањето на Димитар Ковачевски дека имал роднини кои биле излажани и гласале за други парти.
Мицкоски додаде како може на кој не му веруваат најблиските, да очекува да му веруваат граѓаните.
„Ако во вас и во вашето семејство не ви веруваат не гледам како граѓаните би верувале“, кажа Мицкоски.
На прашањето каков резултат очекува од изборите на 8 мај, Мицкоски вели дека очекува убедлива победа.
„Очекувам убедлива победа на Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија, како и убедлива победа на парламентарните избори на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Твоја Македонија“, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.