Мора оваа победа да е јасна и убедлива и со 61 пратеник. Ова е моето настојување и ова мора да биде нашата заедничка мисија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната Конвенција за избор на кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека три причини за 61 пратеник е за економски реформи, за непоколебливо остварување на правдата и одговорност за сите оние кои правеле криминал, како и за сигурно управување на институциите, без уцени и диктати.

И ќе кажам три причини за тоа. 61 пратеник за економски реформи кои се насушни и кои ќе дадат резултати веднаш. 61 пратеник за непоколебливо остварување на правдата и одговорност за сите оние кои правеле криминал. И 61 пратеник за сигурно управување на институциите. Без уцени, без диктати, изјави Мицкоски.

Мицкоски истакна дека не чека многу работа бидејќи државата е во потполн хаос.

И да си признаеме, да, не чека многу работа. Државата е во потполн хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност која е насекаде. Изгубена е вербата во политичарите, затоа што волјата на народот многупати е изигрувана. Ништо не функционира, граѓаните имаат чувство дека државата е киднапирана од мала група на корумпирани политичари и затоа се скептични дека тоа може еден ден да се промени. Државата е одземена од рацете на народот, и ако најкусо може да се опише тоа чувство на народот тогаш тоа се зборовите немаме веќе држава, дециден е тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.