ВМРО-ДПМНЕ од утре вторник 03.10.2023 започнува со теренска кампања, „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Како што информираат од партијата, кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ ќе биде во два дела. Во текот на неделата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе има по две теренски посети на општини, каде што ќе оствари средби со голем број на целни групи, како и средби со граѓани. Исто така ќе се одржат и по две дебати во текот на неделата во различни општини.
Обраќањето од партијата ви го пренесуваме во целост:
Македонија се наоѓа на крстосница!
Изборот е повеќе од јасен: или ќе продолжи бездушната апатија која како вртлог ги влече луѓето кон дното или ќе ги промениме работите.
Тука не се работи само за националните деградирања, обезличувањата, колективните срамови, ударите по достоинството, честа и сиромаштијата – туку и навредата на интелигенцијата на секој човек.
Обидите да поверувате дека ништо не зависи од вас кога се’ е во вашите раце, да мислите дека личноста не може ништо кога вие можете се’.
Состојбата е тешка и многу лоша.
Економијата е на колена.
Здравството произведува смрт, а тие што го водат заработуваат од смртта.
Правдата е изгубена, а судот е заробен во канџите на врхушката од власта.
Истите судии од истите тефтери продолжуваат да ја покажуваат својата сервилност. Само газдите се различни.
Земјоделието е во хаос!
Бизнисот е под удар на политичкиот криминал на власта.
Се’ е во стагнација освен корупцијата.
Изградија антикултура на неказнивост и дрско богатење! Направија да биде нормално да треба да се даде мито за обичен документ кој по закон ви следува.
А тендерите и милионите од државните работи завршуваат во приватни џебови.
Илјадници луѓе се заглавени со кредити и чувствуваат несигурност. Живот на рати.
А иднината на сите ја одземаа со лошите договори, со рушењето на преговарачките позиции и влезот во слепата улица каде нема ЕУ.
Нема човек што е задоволен од оваа власт и нема човек што има надеж дека може нешто со овие исти луѓе, со иста матрица и нарав да се смени нешто.
Овие 7 години зависеа од нив, а следните 4 зависат единствено од тебе. Од сите нас.
Сега повеќе од било кога порано ќе ви кажам дека – ВАЖНО Е!
ВАЖНО Е да го кренете вашиот глас!
ВАЖНО Е да се обединиме против лошото владеење!
ВАЖНО Е сега, вистински важно е да се приклучиш на промените и да знаеш дека од тебе зависи твојата иднина и иднината на твоите најблиски.
ВАЖНО Е сега да знаеш дека ако сакаш да ги промениш работите мора да се обединиме околу ВМРО ДПМНЕ и само така твојот глас ќе има вредност и важност.
ВАЖНО Е да се направи разлика помеѓу власта, слугите на власта во опозицијата и опозицијата што ја руши власта.
ВАЖНО Е твојот глас да се вреднува, сега да се делува и да рушат неправдите, притисокот од власта, да стигне казната за криминалот.
ВАЖНО Е да учествуваш во решенијата и програмата кои ќе ги создадеме, во програмата и понудата за која ќе се избориме.
ВАЖНО Е да победи надежта, да се гради иднина. МАКЕДОНИЈА да застане на нозе. Да изгрее сонцето на слободата, да ја кренеме главата, да дојде почетокот на обновата во која веруваме и за која се бориме.
Ова се мигови на пресвртница, на колективно рестартиње на деградираното општество и на враќање на вредностите во кои веруваме.
Лошите политичари не се и не смеат да бидат посилни од добриот и напатен народ.
Се бориме за достоинство среќа и иднина!
За нашата горда и просперитетна Македонија.
За генерациите што немаа можност да се изборат, а оставија завет, но и за генерациите што доаѓаат.
За среќен народ!
За иднина во која веруваме и заедно, само заедно ќе победиме.
ВАЖНО Е.
ОД ТЕБЕ ЗАВИСАТ ПРОМЕНИТЕ.
БИДИ ДЕЛ ОД ГОЛЕМАТА ИСТОРИСКА ПОБЕДА ПРОТИВ НЕПРАВДИТЕ, ПОРАЗИТЕ И ЗЛОТО
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.