Денеска со почеток во 12:00 часот во хотел Холидеј ИН, ќе се одржи дебата Важно е!

Платформа за иднина на тема Важно е да имаме фер избори, на која ќе учествуваат:

-Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
-Панче Тошковски, предложен кандидат за технички министер за внатрешни работи,
-Ѓоко Велковски, предложен кандидат за технички министер за труд и социјална политика,
-Елена Петрова, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за финансии,
-Цветан Трипуновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,
-Стефан Андоновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

Дебата ќе ја модерира Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а истата ќе се пренесува на youtube каналот на ВМРО-ДПМНЕ и facebook на Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.