Попладнево заедно со директорот на ФЗО Сашо Клековски остваривме состанок со преставници на компанијата Рош. Рош фармација е една од најголемите фармацевтски куќи во светот и во иновативни лекови. Рош снадбува значаен од лековите од вкупниот условен буџет за онкологија, хематологија, педијатрија, неврологија и др., напиша премиерот Христијан Мицкоски во објава на „Фејсбук“.
Ги разгледуваме можностите за намалување на цените, за вклучување на повеќе пациенти, се бориме за подобро здравство, додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.