Тоа е уште една губа манипулација и навистина јас сум шокиран од тоа што на сметките од компанијата која што ги наплаќа од граѓаните средствата, стои оваа груба невистина дека владата субвенционира одреден процент, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
Мицкоски потенцираше дека не е точно дека сметките на граѓаните се субвенционираат и апелираше да престанат да ги злоупотребуваат сметки за политички маркетинг на владата.
Јас апелирам до таа компанија да престане да ги злоупотребува своите сметки за политички маркетинг на владата, бидејќи тоа не е точно. Тоа е исто како да ги прашате граѓаните во Саудиска Арабија или во Обединетите Арапски Емирати или во некои држави каде што се произведува нафта зошто имаат најевтина нафта. Тоа од прилика така би му дошло, рече тој и додаде:
Поголема глупост немам слушнато, бидејќи граѓаните во Македонија плаќајќи ги задолжувањата на владата преку изградба на производните капацитети во Македонија, без разлика дали се тоа хидроцентрали или термоцентрали, практично се тие кои што си овозможиле да овие производни капацитети произведуваат електрична енергија која што во моментот според ЕУРОСТАТ и според сите морам да признам дека во регионот е најголема.
Претседателот Мицкоски истакна дека овој тип на лажно политиканство набрзо ќе се ревидира, укажувајќи дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има намера да се однесува чесно спрема своите граѓани.
Така што овој тип на злоупотреба набрзо по формирањето на новата влада ќе биде ревидиран и идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има намера да се однесува чесно спрема своите граѓани, а не со вакви лажни политиканства и флоскули, заклучи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.