Пред почетокот на „Дуелот за Македонија“ при пристигнувањето во Канал 5 изјава даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Доаѓам од средба со граѓани, сите им даваат поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Добро е што Ковачевски се одважи да дојде на ТВ дебата. Очекуваме да имаме симпатична кампања, ќе водиме позитивна кампања. Граѓаните се свесни што направи СДС во иминативе шест и пол години и тие нека водат негативна кампања. Ние ќе водиме позитивна кампања, рече Мицкоски и додаде дека се надева на интересен ТВ дуел.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.