Премиерот Христијан Мицкоски имаше, како што ја оцени самиот, продуктивна средба со амбасадорката на државата Израел, Симона Франкел.

Разменивме ставови за тековните безбедносни, политички и економски прашања, како и за можностите за зајакнување на билатералната соработка помеѓу нашите две земји.
Израел е важен партнер и пријател и нивната поддршка е од големо значење за нашиот развој, рече Мицкоски по средбата.

Додаде дека и двете земји се обврзале на натамошно зајакнување на односите и интензивирање на оваа одлична соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.