„Европската Унија претставува светилник на надеж за многумина. Наша заедничка должност е да се погрижиме овој светилник подеднакво да свети на сите аспиранти, водејќи ги и поддржувајќи ги во текот на понекогаш тешките реформи неопходни за интеграција“, изјави денеска опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во своето излагање на ЕПП.
Тој додаде дека овој конгрес треба да не потсети на нашата колективна одговорност да негуваме Европа која е инклузивна, праведна и ја негува различноста.
Европа која упатува топло добредојде на сите држави подготвени да се приклучат во семејството, втемелена на принципите на демократија, почитување и владеење на правото. На крајот, ја изразувам мојата длабока благодарност до нашите домаќини и до секој од вас за вашата непоколеблива посветеност на нашата заедничка кауза. Иако патот напред може да претставува предизвик, но со единство, решителност и заедничка визија, не постои пречка што не можеме да ја надминеме“, дополни Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.