Во моментот како ВМРО-ДПМНЕ се концентрирани на изработка на програмата, бидејќи навистина цениме дека состојбата во која се наоѓа Македонија се многу лоша, во сите области. Подготвуваме квалитетна програма и единствената понуда која ја очекувам од владата е час поскоро да биде распуштен парламентот и да одиме на предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат М.

Мицкоски истакна дека како сконцентриран како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е на програмата, а потоа граѓаните и бројките ќе дадат одговор како ќе изгледа следната влада на Македонија и посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како една од основите задачи ќе биде нула толеранција за криминал и корупција.

Ги цениме позициите на нашите стратешки партнери, вклучително и на амбасадорот Агелер, тоа значи, секоја една изјава од искусни дипломати е добредојдена. Но, ова е наше внатрешно прашање. Корупцијата и криминалот се внатрешно прашање и тоа треба самите да го решиме, не смееме да очекуваме дека некој од надвор ќе дојде и ќе го реши тоа прашање. А дали има криминал и корупција не треба некој од надвор да ни кажува сите сме сведоци, секој ден по некој наш сограѓанин гледа некој кој сведочи а огромното ниво на криминал и корупција, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека сите кои имаат одредена политичка заштита, а сториле криминал треба час поскоро да бидат изведени пред лицето на правдата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.