СДСМ со ова раководство никогаш не бил во полоша состојба, и никогаш немал послабо раководство и тоа е работа на членовите и активистите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Апелирам до пратениците на СДСМ и сите оние кои изминатиов период даваа знаци и позиции различни од раководството, свесен сум дека има голем број закани од полукриминални структури управувани од раководството, нека се одважат да не се плашат и нека застанат на патот на двајца тројца од раководството кои ја уништуваат иднината и на Македонија.
Нивен интерес е Македонија да биде слаба и опљачкана, на колена, застанете до нас, подадете рака, немојте да дозволите тие криминалци во раководството на СДСМ кои имаат интерес само да ги поделат провизиите од тендерите да ве втурнат во пеколот кој и го подготвуваат на Македонија, порача денеска тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.