Собранието на Република Македонија и Владата почнаа да личат на „сточен пазар“. Па има ли поголемо дно од ова што денес се случува во државата. Нема никакво објаснување за министерот Беким Сали, за ресорот здравство, за програмските активности на СДСМ и Алтернатива за тоа дали беше таа добра или лоша политика. Едноставно министерот Беким Сали беше ставен на „Пазар 3“ или како некој „сточен пазар“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Здравко Трајанов на денешната собраниска седница.

Тој посочи дека сосема е разбирливо зошто ова се случува, затоа што бродот многу забрзано тоне. Но, загрижува тоа што на бродот кој тоне се наоѓа и македонскиот народ, и тоа ниту е фер ниту е чесно кон македонскиот народ. Затоа што ќе страдаат и Македонци, Албанци, Турци, Роми и сите останати.

Пред влезот на Алијанса на Албанците во Влада се изнаслушавме за инспекции во Гостивар и за кривични пријави против господинот Арбен Таравари. Ова е начинот на кој владее СДС со уцени и закани и кривични пријави и прогони. Ова не е ниту европска ниту било каква цивилизациска вредност, ова е се само не демократија, рече Трајанов.

Трајанов упати порака до СДСМ и нивните пратеници и функционери.

Уште една порака до СДСМ поточно до пратениците и функционерите на оваа партија. Верувајте ќе ве пуштат и вас низ вода, како што сите се пуштени кои гравитираат кон оваа Влада. Никој не сака да го штитите криминалот на СДС и немојте да бидете соучесници со луѓе кои не се заинтересирани ниту да присуствуваат на оваа седница ниту да бранат било што во политиката, нив ги интересира само криминал, вели Трајанов.

Трајанов потенцираше дека секој еден чесен време е да го напушти тој брод, затоа што нема спас. СДСМ на наредните избори покрај тоа што ќе доживее дебакл ќе се и распадне затоа што ова не е човечки и демократски. Ова е само интерес на криминалци кои се собрани и секојдневно продаваат различни приказни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.