Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до Урсула фон дер Лајен, за повторниот избор за Претседател на Европската комисија.
-Почитувана г-а Урсула фон дер Лајен,
Во име на Владата и во мое лично име, Ви упатувам најискрени честитки за вашиот повторен избор за Претседател на Европската комисија. Вашето повторно именување е потврда за вашето успешно водство и посветеност кон европските вредности и заедничкиот просперитет.
Вашето лидерство во овие предизвикувачки времиња е инспирација за сите нас кои се стремиме кон подобра и пообединета Европа. Сигурни сме дека вашето искуство и визија ќе продолжат да ја водат Европската унија кон нови висини на развој.
Остануваме посветени на европскиот пат и со нетрпение очекуваме да продолжи соработката со Европската комисија под вашето водство, со цел постигнување на нашите заеднички цели за стабилност, безбедност и напредок.
Уште еднаш, Ви честитам на овој заслужен успех и Ви посакувам многу успех и плодна работа во вашиот нов мандат, пишува премиерот во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.