Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва се обрати пред илјадници граѓани кои дојдоа на големиот сенароден митинг да ѝ искажат поддршка на кандидатката за претседателка на Македонија, првата-жена претседател на државата, професорката Гордна Силјановска- Давкова.

Во своието обраќање, меѓу другото, Мицкоски се осврна и на предизборната конвенција на противкандидатот на Силјановска, актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Во купот обврски и подготовката на изборите, успеав да видам дел од конвенцијата на Стево Пендаровски. Главната порака беше дека Стево не крадел. Замислете каков напредок е тоа и каков врвен успех е тоа што сам си се прогласи дека не крадел. Па, се подразбира дека не треба да се прави и не знам дали човеков очекува Нобелова награда за тоа, но самото потенцирање на тој факт во услови кога корупцијата галопира, само значи дека Стево индиректно ни порача дека владата краде, ама не и тој. И во таквиот занес во салата и продавање на магла сите аплаудираат на овој огромен успех, само Миле Зечевиќ не. Си знае тој, сфати колку е часот и што е пораката. А тоа дали и кој колку крадел допрва ќе видиме веднаш по изборите, тоа допрва ќе се провери, затоа што мора да има одговорност за секој кој се огрешил кон законот, му порача Мицкоски на противкандидатот на Силјановска и на партијата која го поддржа, СДСМ.

Мицкоски потсети дека Пендаровски го поминал мандатот како аналитичар без свое јас, а не претседател и личност со интегритет, па му порача дека на овие избори ќе загуби катастрофално.

Толку силно што во вториот круг нема да му се оди на избори. Во неговото опкружување најмногу се плашеле од тоа како ќе го смират после првиот круг и како ќе го натераат да ја приврши кампањата до крај. Па од тука сакам јавно да ги прашам Ковачевски и Пендаровски дали ако разликата меѓу Пендаровски и професорката Силјановска биде во 6 цифри, Ковачевски, Ахмети и Пендаровски ќе го бојкотираат вториот круг по поразот од првиот, рече Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.