Коментирајќи го процесот со екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежов, адвокатот Јанаки Митровски вели дека довчерашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски му наместил пенал на Палчо, бидејќи тој може да тврди дека во земјава го чека политички монтирано судење.

Министерот Оливер Спасовски, намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење, вели Митровски.

Ми остава дума, вели тој, дали на сите во Македонија им одговара тој човек да се врати и да почне да зборува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.