Во СДСМ владее колективна амнезија. Забораваат што ветуваат, а на денот кога треба да се исполни ветувањето, се соопштува нова лага со нов датум на исполнување. Второто полугодие за учениците започна без учебници, иако ја уверуваа македонската јавност дека книги ќе има. Милионски суми на пари се потрошија за наводна набавка на учебници, а сепак втора година по ред учениците се без наставни материјали. Нашиот образовен систем редовно е заробен и 5 години уназаден од СДСМ. Тие нивни “големи” идеи со кои се ветуваа едноставни решенија стана извор на сите проблеми, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Лани школската година започна со еден месец задоцнување, и тогаш и сега учебници нема, па стигнаа годинава некакви материјали за учење од 100на страници. Се израдуваа и на тие малку учебници кои стигнаа, но беа полни со грешки. Таа нивна голема идеја за дигитализација на образованието никако да се реализира. Наскоро ќе дојде и време учениците свидетелства да земаат, а голема е веројатноста тие свидетелства да не ги подигнат, и се уште да немаат учебници. Електронскиот дневник не функционираше, испитите не се одржаа ниту тој за приправниците ниту испитот за директорите. Останаа малите и бедни плати за наставниците, иако власта се обидуваше да купи социјален мир и го убедуваше наставниот кадар дека зголемување на плати ќе има. Се случуваше и штрајк од професорите на универзитетите поради истите причини – рече Митева.
СДСМ без никаков срам од ваквите состојби во образованието се дрзнува да продолжи со своите лаги и со потценувањето на народот.
Ветуваат капитални инвестиции во образованието, додека учениците немаат основни средства за следење на настава, потенцира Митева и додава: Дали за СДСМ капитални инвестиции значи предметот работа со компјутери да се одвива на лист хартија? Или можеби капитални инвестиции се двете универзитетски згради во кругот на УКИМ кои пропаѓаат? Или студентските домови кои се распаѓаат?
Ќе поднесе ли некој одговорност за уште една изгубена година на учениците? Ќе понесе ли некој одговорност за набавката од половина милион евра за печатење на скрипти со еднократна употреба?
СДС треба да знаат дека нема едноставни решенија и нема магични стапчиња за решавање на проблеми.
Потребно е знаење, работа и чесност, наспроти некадарност, неспособност и незаконско работење.
Профитирањето на грбот на најмладите, врз учениците и наставниот кадар е најсилниот доказ дека СДСМ се грижи само за сопствена заработка а резултатот е уништено образование.
Време е за промени, а потоа за одговорност- рече на крајот Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.