Добро е што на ДУИ му останува можноста само да зборува и да делува опозиција во рамки на институции и нашето ветување дека ДУИ ќе оди во опозиција по изборите го реализираме, истакна пратеничката и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева во „Анализа 24” на ТВ24.

Таа продолжи и додаде:

-Не ме изненадуваат ваквите зборови кои ги користи ДУИ. Ние изминативе години бевме сведоци на нивни изјави, но резултатот по изборите кажа дека тоа време завршува и дека е дојдено време каде ќе владее правото и ќе има трансформација на Македонија во позитивна смисла, рече Митева.

Таа е децидна дека е возможно да функционира системот.

-Во Македонија е возможно да има функционален систем и институции кои ќе ја гарантираат безбедноста и стабилноста и сигурноста на граѓаните на Република Македонија, вели Митева.

Таа продолжи и додаде:

-Токму СДС со цел да ја зачува сопствената власт преку која се грижеше само за личните интереси и се обидидуваше да го продлабочи криминалот до невидени размери успеа да ги направи поделбите за кои ние денеска дискутираме, изјави Митева.

Таа кажа дека поради ваквото политиканство изминативе 7 години се наоѓаме во ваква ситуација во која сме.

-Изминативе 7 години поради ваквото политикантство, поделба и нерешавање на клучните работи кои ќе го подобрат животот на граѓаните ние сме доведени во состојба во која сме доведени, заклучи Митева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.