Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Студио 10“ на Телевизија 24 каде се дискутираше за убиството на малата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес, истакна дека убиецот бил претседател на градската организација на СДС.
Имено, Митева ова го посочи одговарајќи му на пратеникот од СДС Мартин Костовски кој во емисијата злоупотребуваше фотографија од настан на која меѓу останатите покрај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имало и уапсен нарко дилер.
Ова се тие политики кои ги злоупотребувате. Злоупотребувањето на состојбите, ако кажам дека Палчо е претседател на Градската организација на СДС, што ќе одговориш на тоа? Ги користите моментите на слабост на општеството. Тука е политиканството, треба да се борите против криминалот и корупцијата. Користиш недостоинствен речник за ваков случај – изјави Митева.
Митева појасни дека наместо вакви политиканства и декларативни изјави на власта потребни се конкретни чекори.
Најмалку што очекував е вчера доцна во ноќта да имаше седница на влада да имаше заклучоци до МОН, насоки за смирување за децата и родителите, дополнително заклучоци со повикување за политичките субјекти. Тоа се конкретни чекори кои ќе покажат волја. Треба да имате политичка волја и некој што ќе размислува во насока да не се случуваат вакви работи, во центар на Скопје да не ни ги снемува луѓе и да не може да се најде сторител, возило. Безбедноста на граѓаните е пред се и над се. Треба да кажат кои се чекорите кои ќе се преземат, а не празни зборови. Ни требаат дела. Во Скопје знаеме кои се тие луѓе кои се рекетари, јавна тајна е – изјави Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.