Морам да кажам дека жалам што Македонија како најзасегната страна во овој спор нема информации каков е францускиот предлог. Очекувам дека една одговорна дипломатија треба да го знае барем костурот на кој се основал овој предлог, треба да има некакви информации македонската јавност за што се дискутирало и како е дојдено до таков предлог, изјави Портпаролката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева за „Само вистина“ на Канал 5 во врска со информациите кои се појавија по медиумите за францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија.
Митева потенцираше дека тука се гледа колку нашата дипломатија оди во погрешна насока и колку може да биде штетен овој предлог и дека за жал сите се информираме од бугарските медиуми наместо да се информираме од министерството за надворешни работи кое го води овој процес.
Како ВМРО-ДПМНЕ многу пати кажувавме дека секогаш процесите се одвиваат во обратна насока, ние или сме последни информирани или дознаваме работи од медиумите што не би требало да биде случај. Доколку ние би имале добра надворешна политика немаше да имаме толку нарушени преговарачки позиции и можеби ќе беше спротивна состојбата, односно Македонија ќе знаеше што се зборува, ќе имаше индиции какви ќе бидат овие предлози и благовремено таму каде што треба и во Собрание и пред јавноста, оние кои се задолжени за оваа работа ќе информираа, истакна Митева.
Таа посочи дека жално е што немаме информации од нашата влада која треба тоа да го води, но власта е водена од партија која 5 пати е демантирана и лажно претставуваше дека ги започнавме преговорите со ЕУ и се сеќаваме добро и на селфито од авион.
ВМРО-ДПМНЕ најмалку има за цел на ова прашање да зборува неаргументирано, спротивно, напротив ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија која благовремено ги информира граѓаните што се случува од информации кои ние ги добиваме, и имаме причина јавноста да знае и што содржи овој предлог. Затоа што знаеме дека со СДСМ секогаш договорите завршуваат многу катастрофално, така е со договорот за добрососедство кој беше презентиран како договор кој ќе донесе напредок, а гледаме дека е кочница, а тој договор го создаде СДСМ, изјави Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.