Над 120 милиони евра за проекти на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Важни проекти за единиците на локалната самоуправа, каде власт е ВМРО-ДПМНЕ се одвиваат секојдневно.

Нови булевари, улици, надвозници, се само дел од проектите кои опфаќаат најмногу средства, дури 36 милиони евра. Дополнително, во водоводна и канализациската мрежа се инвестираат 20 милиони евра. Се градат нови градинки, се реконструираат училишта и се вложува во нивно опремување. Силно се поддржуваат спортот, културата и ранливите категории на граѓани. Со ВМРО-ДПМНЕ никој не е заборавен. Сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на политичкиот саем докажаа дека имаа исклучително квалитетна година. 365 дена работа, проекти, импозантни резултати, повеќе од 120 милиони евра инвестирани или во фаза на инвестиции се капиталните проекти кои се реализирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Иако СДСМ ги остави општините со големи долгови и апатична администрација во голем број на општини, сепак се реализираше се што е ветено, изјави Марија Митева на денешната прес-конференција.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.