Признавање на македонското малцинство во Бугарија ќе биде една од темите која на лидерската средба ќе ја отвори претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов. Тој како што рече нема ништо против тоа Бугарите да се внесат во Уставот но тоа според него треба да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да го признае македонското малцинство, тие таму да можат да отвораат здруженија и да формираат партии.

Лидерот на ДС најави дека ќе побара и во скрининг процесот да биде вклучен целиот конструктивен и компетентен потенцијал во општеството како и тоа дека тој на денешната средба ќе ја отвори темата за целосната реформа на изборното законодавство како што бара и Еврпската комисија од нас.

Трајанов потети дека тема на денешниот состанок ќе биде и неговото барање а тоа е Макеоднија да биде една изборна единица. Можно е Трајанов да го постави прашањето и за предвремени парламентарни избори или пак за формирање на широка владина коалиција која треба да се справи со сите предизици во земјава почнувајќи од енергетска криза па се до измените на Уставот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.