Во време кога се случува ваква ситуации, кога во овој случај е вклучено лице кое што добро и е познато на јавноста дека било вклучено во рекетарски здруженија, криминални банди. И на истото ова лице му е овозможено преку портали и преку медиуми да има и да дава било какво мислење, а воедно полицијата и безбедносниот систем да нема никакви информации дека станува збор за ваков случај се додека не се случи двократно грозоморно убиство, за мене не е политиканство за мене е основно чувство за барање одговорност“, вели Марија Митева, портпарол и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување на Телевизија 24 во однос на убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец, Панче Жежовски.

Таа додаде дека е правник и дека добро знае што е предистрага, истрага и покренување на обвинение, но кога се работи за случај кој што е од огромен интерес на јавноста, како што е случајот со младата Вања, не можат службите со бледо соопштение во 21 часот во недела навечер да вознемирувате два милиони народ и да ве нема десет саати со никаква дополнителна информација.

„Ништо не се смени во тие 10 саати за истрагата која што тие ја направија за да кажат некои информации, се она што денеска го презентираа на јавноста и беше познато на јавноста преку шпекулации и кои што вие како новинари успеавте да ги добиете се со цел да придонесете за да се смири општеството и да дојдеме до некоја информација“, рече Митева во однос на денешната прес конференција за деталите околу трагичниот настан кој ја потреси целата македонска јавност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.