Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, во дебата на Канал 5 во емисијата „Само вистина” со Славјанка Петровска од СДС укажа на лицемерието на опозицијата во однос на прашањето со бранителите.
Митева и предаде предлог барање на Славјанка Петровска, потпишано од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ членови на комисијата за социјална политика, демографија и млади, а со цел Илире Даути да свика комисија за ставање на законот во скратена постапка. Барањето е со единствена цел Илире Даути да свика седница со точка на дневен ред за предлог на закон за изменување и дополнување на законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства по скратена постапка поднесен од Славјанка Петровска.
Еве ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ членови на комисијата попишани. Ќе ви го дадам листот однесете го во СДС каде членови се Јованка Тренчевска и Фатмир Битиќи и нека се потпишат, укажа Митева.
Митева продолжи и додаде:
Ако не свика седница имате две можности и тоа. До комисија за избори и именувања да поднесете предлог за разрешување на претседателката каде јас сум член и ќе ви дадам поддршка или да поднесете интерпелација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.