Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и носител на листа на пратеници во изборна единица 2, заедно со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, одржаа трибина. Тој во своето обраќање нагласи:

„Законот мора да важи еднакво за сите доколку сакаме да живееме во нормална држава. Безбедноста на луѓето на прво место! Доста се скандали криминали и корупција, правда мора да има“.

Мисајловски ги повика граѓаните да ја дадат својата подршка за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Силјановска Давкова и додаде:

„Време е за промени и одговорност за сите злоупотреби и криминали. Време е за горда Македонија“!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.