Продолжуваме да бидеме помеѓу народот. Заедно со градоначалникот Бобан Стефковски, пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, одржавме продуктивна средба со жителите на Јурумлери. Во секој дел од Македонија жителите се револтирани од игнорантскиот однос на власта и штетните политики кои ги водат, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и носител во ИЕ2.

Тој во Јурумлери се сретна со граѓаните и со нив разговараше за секојдневните проблеми.

Уништен е здравствениот и образовен систем, понижени и омаловажени пензионери, без инвестиции во спортот и културата. Доста е! Време е за промени! – додаде Мисајловски на средбата со граѓаните.

Ги повика граѓаните да гласаат за промени.

Ајде сите заедно сплотени и сложни да бидеме дел од промените, промени за сигурна иднина на Македонија! Македонија повторно твоја! Промените во твои раце! – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.