Денес ја презентиравме програмата “Платформа 1198”, во која се опфатени 1198 проекти во 5 столба со кои ги решаваме огромен број на проблеми кај нашите граѓани, објави на фејсбук Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.

Нашата програма е плод на долготрајни дискусии, јавни панели и секојдневни средби со граѓани.
Во програмата во делот на економија, транспорт и инфраструктура и енергетика се опфатени голем број на проекти за доброто на нашите граѓани. Го издвојувам проектот за зголемување на пензиите на пензионерите, дополнително опфатени се проекти за зголемување на платите, како и инвестиции од 250 милиони евра или за 4 години милијарда за општините, тоа се средства предвидени за училишта, градинки, улици, паркови.
Мора да работиме и да кажеме дека Европа се носи дома со капитални проекти, со зголемување на стандардот, функционален систем и пристоен живот за сите граѓани.
Време е за промени!, објави Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.